Руски сили за специјални операции

Руското министерство за одбрана пристапи кон создавање на Сили за специјални операции и веќе за создаде нивната команда. Ова, говорејќи во присуство на воените аташеа во Москва, го соопшти началникот на Генералштабот на армијата, Валериј Герасимов.

Според зборовите на началникот на Генералштабот, Русија ги создава Силите за специјални операции, раководејќи се од успешното искуство на „водечките земји во светот“ во воените конфликти во 21 век. Денес единици за специјални операции имаат САД, Франција и Австралија. „Командосот“ успешно извршува воени, контра-терористички и спасувачки операции од посебно значење, вклучувајќи ги и оние во Авганистан. Во Русија за извршување на специјални операции постојат одредени единици во различни родови во војската. Сега тие ќе бидат обединети во нова структура за решавање на екстремни задачи, објаснува главниот уредник на списанието „Народна одбрана“, Игор Коротченко.

Овие сили можат да се користат на местата на воените дејства вон Русија. На пример, за спротивставување на обидите на пиратите да ги освојат руските трговски или патнички бродови. Тие можат брзо да реагираат кога треба да се ослободат заложници кои се руски државјани или да зададат брз оперативен удар врз базите на терористите во тој регион во светот каде што реално постои опасност за руските национални интереси. Началникот на Генералштабот ги предупреди воените аташеа од другите земји дека формирањето на овие единици Русија не го крие од другите земји. Ги предупредуваме нашите партнери и колеги дека овие сили ќе бидат создадени. Русија ја покажува својата одличност да ги користи воените методи на реагирање на заканите во оддалечените географски региони.

„Детали за составот на новата структура засега се непознати. Во САД слични единици се составени од преку 50.000 луѓе од различни родови на војската“, истакнува воениот аналитичар на весникот „Комсомолска правда“, Виктор Баранец.

„Силите за специјални операции се користени во Ирак и Авганистан. Тоа се мали, специјално тренирани единици кои можат да се движат со хеликоптери и авиони. Добар пример за тоа се морските специјалци за време на ликвидирањето на Осама бин Ладен. Светското искуство е доста богато“, додаде Баранец.

Во медиумите веќе излезе соопштение дека во новата структура ќе влезат силите од центарот за специјални мисии „Сенеж“, бригата од специјалци од еден од воените окрузи, хеликоптерска ескадрила, како и ескадрили од воено-транспортни авиони. Веќе е создаден комплет документи со кои се дефинираат правците на развој, начините на подготовка и примена на силите за специјални операции. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња