Културен центар ќе го носи името на Чавез

Латиноамериканскиот културен центар кој се наоѓа во Санкт Петербург ќе го носи името на командантот Уго Чавез.

Латиноамериканскиот културен центар кој се наоѓа во Санкт Петербург ќе го носи името на командантот Уго Чавез.

Состанокот на кој е донесено ова решение започна со минута молк, а потоа беше покажана последната прес-конференција на која учествувал Уго Чавез.

Латиноамериканскиот културен центар, кој се наоѓа во центарот на Санкт Петербург, ги запознава жителите на Петербург со културата на државите од Јужна и Централна Америка, организира курсеви за изучување на шпанскиот јазик.

Обиди за овековечување на името на легендарниот командант во Санкт Петербург веќе се направени. Претседателот на „Комунистите на Петербург и Ленинградската област“, Сергеј Малинкович, веќе предложи да се преименува една од улиците во Санкт Петербург во чест на Уго Чавез. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.