Познатиот петербуршки музеј „Ермитаж“ отвора изложба во Холандија, која може да се смета како продолжение на Годината на Холандија и Русија. Првата експозиција на културната програма е посветена на рускиот император Петар Велики и ќе трае од 9 март до 13 септември.
Изложбата во Амстердам ќе им го претстави на Холанѓаните рускиот император како реформатор, полководец и колекционер, но и како човек способен да изгради брод, музеј и држава.
Во Амстердам од Санкт Петербург се пратени 660 експонати, меѓу кои има вистински раритети: златни украси од 7 век п.н.е., па се до т.н. „сибирска колекција“ на Петар Велики.
Самиот Петар Велики повеќепати бил во Холандија. Тој се восхитувал од таа држава, каде и самиот научил многу нешта. Во Холандија Петар Велики научил да гради бродови, купил експонати за својата колекција од природни реткости, која понатаму станала основа за првиот руски музеј - Кунсткамерата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче