Ил-476 ќе добие ласерска заштита од ракети

Најновите ласерски системи за одбрана од противвоздушни комплекси ќе се инсталираат на воените авиони Ил-476, соопшти генералниот директор на „Илјушин“, Виктор Ливанов.

Најновите ласерски системи за одбрана од противвоздушни комплекси ќе се инсталираат на воените авиони Ил-476, соопшти генералниот директор на „Илјушин“, Виктор Ливанов.

„Новите системи за одбрана, од една страна, со помошта на определени сензори го регистрираат лансирањето на ракетата, се пристапува кон определување на нејзината траекторија, па со помошта на ласер таа ќе може да се уништи“, изјави Ливанов за „Ехото на Москва“.

Според неговите зборови, користењето на овие системи на воените авиони ќе даде поголем ефект, отколку стрелањето на топлински „лажни мети“ при откривањето на лансирање на ракета.

„Сега ќе започнеме со инсталирање на овие системи на нашите авиони“, изјави Ливанов. 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња