Европската комисија го одобри спојувањето на најголемата руска нафтена компанија Роснефт со ТНК-ВР, изјавувајќи дека не гледа закана за конкуренцијата во Европа.
Во соопштението кое го прати до медиумите, Европската комисија воглавно се интересира за независноста на Роснефт од влијанието на државата во нафтениот сектор. Деталната проверка покажа дека после спојувањето, новата компанија нема да ги изгуби поголемите конкуренти меѓу другите учесници на пазарот, додека купувачите нема да ја изгубат можноста да избираат испорачувачи и начини на транспорт на нафтата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче