Во Северна Осетија ќе именуваат планински врв во чест на Уго Чавез

Федерацијата на алпинисти во Северна Осетија предложи да се именува еден од планинските врвови на Кавказот во чест на починатиот претседател на Венецуела, Уго Чавез.

Федерацијата на алпинисти во Северна Осетија предложи да се именува еден од планинските врвови на Кавказот во чест на починатиот претседател на Венецуела, Уго Чавез. Имено Чавез во 2008 година ја призна независноста на Јужна Осетија од Грузија, изјави претседателот на оваа федерација, Казбек Хамицаев.

Алпинистите се подготвуваат на 9 март да се качат на еден од врвовите, каде ќе однесат табличка со името на Уго Чавез и црвена беретка, слична на таа која обично ја носеше лидерот на Венецуела, пренесува BBC.

Според зборовите на Хамицаев, во моментов планинскиот врв кој планираат да го именуваат се означува само како „врв на 3.695 метри“.

Во Русија и Белорусија веќе има иницијативи за именување на некои улици во чест на Уго Чавез. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.