Во Грузија ќе се појави проруска партија

Грузија ќе добие партија наклонета кон Русија.

Поранешниот министер за државна безбедност на Грузија, Валериј Хабуеџанија, кој во последните неколку години живее во Москва, изјави на новинарите во Тбилиси дека планира да основа своја политичка партија, во чија програма ќе најде место нормализацијата на односите и зближување на Грузија и Русија.

„Во овој момент Русија ги поддржува сепаратистите, но треба да се направи сѐ што е возможно за да се промени нејзината позиција и да се обнови територијалната целосност на Грузија“, изјави Хабурџанија.

Претседателот на Грузија, Михаил Саакашвили, повеќепати го има обвинето поранешниот министер, нарекувајќи го „човек на Путин“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.