Сергеј Лавров: Русија не калкулира со промена на режими

Сирискиот народ има право да одлучи каква ќе биде неговата иднина, земајќи ги предвид правата на сите религиозни и етнички групи. Русија стои на ставот дека од самиот почеток на сирискиот конфликт не го сменила својот став во однос на ова горливо прашање.

„Сирискиот народ има право да одлучи каква ќе биде неговата иднина, земајќи ги предвид правата на сите религиозни и етнички групи. Русија стои на ставот дека од самиот почеток на сирискиот конфликт не го сменила својот став во однос на ова горливо прашање“ - ова шефот на руската дипломатија го изјави во интервју за BBC. „Москва, според неговите зборови, нема намера да врши притисок врз Башар Асад со цел да го натера да си замине од должноста. Тоа треба да го решат самите Сиријци, и никој друг.“

„За нас прв и најглавен приоритет се човековите животи. Ако некој кажува дека Асад прво треба да го снема, значи дека тие имаат и други приоритети, односно, нивниот приоритет не е зачувувањето на животите на луѓето. Ние не играме игри со промена на режими. Ние сме против мешањето во внатрешните конфликти. Тоа е наш став, и тој за никој не е тајна. За нас тоа е принципиелно важно.“

Конфликтот во Сирија трае од март 2011 година. Според податоците на ООН, од почетокот на март, бројот на бегалци од Сирија во соседните земји надмина милион луѓе. МВР на Саудиска Арабија изјави дека бројот на жртви од граѓанската војна веќе достигна 90.000. Властите во Сирија се соочуваат со отпор од добро вооружени терористи кои имаат поддршка од надвор. Шверцот на оружје во Сирија речиси без ограничувања се врши преку границите на соседните земји. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.