Московското метро ќе купи вагони за 13 милијарди долари

Најубавото метро во светот се подновува со вагони.

Московските власти планираат да распишат конкурс за испорака на вагони на подземната железница. Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, изјави дека денес единствениот произведувач во Русија на вагони е компанијата Трансмашхолдинг, а во иднина можно е распишување на меѓународни конкурси, во кои може да има дури три победника.

Купувањето и сервисирањето на вагоните во наредните 30 години се проценува на 13 милијарди долари. Московското метро денес располага со 4.800 вагони. До 2021 година се планира купување на уште најмалку 2.000 вагони. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.