Германскиот произведувач на автомобили BMW во следните неколку месеци ќе донесе решение за организација и започнување со производство во Русија, изјави генералниот директор на BMW, Норберт Рајтхофер во рамките на саемот за автомобили во Женева.
Во моментов компанијата произведува свои автомобили за рускиот пазар во Калининград, но со оваа дополнителна фабрика ќе се задоволат сите потреби за рускиот и поширокиот пазар.
Во фабриката во Калининград засега се произведуваат BMW од 3-та, 5-та и 7-та серија, Х1, Х3, Х5 и Х6. Во 2012 BMW во Русија произвел 40.140 автомобили.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче