Земјотрес од 5,8 степени на Курилите

Тектноски активно подрачјето на Курилите.

На северните Курили во саботата навечер се случи земјотрес со силина од 5,8 степени, изјавува Геофизичката служба на Руската академија на науки.

Епицентарот на земјотресот се наоѓа на околу 90 километри источно од градот Северо-Курилск. Тектонските активности се регистрирани на длабочина од 50 километри.

Заменикот на градоначалникот на Северо-Курилс, Василиј Саприкин, по телефон изјави дека во градот земјотресот се почувствувал со силина од 4-5 степени. Нема никаква штета и настрадани, а системите за снабдување со вода и електрична енергија работат нормално.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња