Во Приморјето 52% од населението се жени (1,015 милиони). На професионален и образовен план, жените во Приморје се поактивни од мажите. Во учебната 2012-2013 година, дури 54% од студентите биле девојки (41.000). Околу половина од работниците во институциите и организациите - се жени, додека во здравството, образованието, услужната сфера - од 70 до 85%. Секоја трета жена продолжува да работи и после пензионирањето.
И покрај ова, на жените им е потешко да најдат работа: работодавачите претпочитаат мажи. Особено проблематична е ситуацијата со жените кои имаат мали деца и оние кои се пред пензија.
Животниот век на жените во Приморје во 2011 изнесувал 73,1 година, а мажите умираат 11 години порано од жените (62 години очекуван животен век). Жените во градовите живеат за 2,5 години повеќе од жените во селата.
Според податоците, во 2012 година во Приморје се родиле 24.500 деца (5% повеќе отколку во 2011), при што половина од сите новородени - не се првенци во семејството, туку втори или трети деца. И покрај тешкотиите, жените во Приморје продолжуваат да живеат, работат, да ги воспитуваат децата, да создаваат околу себе атмосфера на љубов и надеж.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче