Во Казањ започна обуката на волонтерите за Универзијадата

Во Казањ започнува обуката на волонтерите кои ќе работат на Универзијадата-2013. Повеќе од 50.000 луѓе поднесоа барања за учество во студентските игри како доброволци. Приемот на истите заврши на 1 март.

Во Казањ започнува обуката на волонтерите кои ќе работат на Универзијадата-2013. Повеќе од 50.000 луѓе поднесоа барања за учество во студентските игри како доброволци. Приемот на истите заврши на 1 март.

Светските студентски спортски игри - се втори по значење после Олимписките. Универзијадата-2013, која ќе се одржи во Казањ, веќе ги сруши сите рекорди - како според бројот на учесници, така и според бројот на спортови. Во главниот град на Татарстан ќе бидат доделени 341 комплет медали. На Универзијадата ќе дојдат околу 12.000 спортисти од 170 држави. Повеќе од 1.500 новинари ќе бидат присутни и ќе пренесуваат за активностите во Казањ. Со сите учесници и гости ќе работат волонтери, чиј избор почна пред околу половина година. Како што соопшти раководителот на одделот за ангажирање волонтери при Дирекцијата на Универзијадата-2013, Татјана Никулина, во моментов има околу 50.000 барања од 45 земји во светот.

Обуката на волонтерите ќе продолжи до 5 јули. Веќе од 6 јули волонтерите ќе имаат можност да ги покажат своите способности. Во главниот град на Татарстан тогаш ќе се одржи церемонијата на отворањето на Светските студентски игри. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња