Според податоците на Меѓународната организација на произведувачи на моторни возила, OICA, на територијата на Европа, вклучувајќи ја Турција и ЗНД, минатата година се произведени повеќе од 17 милиони патнички автомобили. Најголем произведувач во европскиот регион во 2012 е Германија, со вкупно 5 милиони произведени автомобили, додека Русија го зазеде второто место со 11% од произведените автомобили, истиснувајќи ја Франција, која се најде на третото место. Светската автомобилска индустрија за автомобили во 2012 произведе вкупно над 84 милиони моторни возила, што е за 5,3% повеќе отколку во 2011 година. Продукцијата на патнички автомобили бележи идентичен порат, и минатата година таа учествуваше со 75% од сите произведени моторни возила во светот. Лидер во производството на патнички автомобили, како во својот регион, така и во целиот свет, и понатаму е Кина, на светската ранг-листа веднаш зад Кина следи Јапонија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче