ЕУ не е подготвена да го олесни визниот режим со Русија

ЕУ не попушта за визниот режим со Русија.

Преговорите меѓу ЕУ и Русија за олеснување на визниот режим не се временски ограничени, изјави во петокот претставник на Еврокомисијата, Микеле Черконе. тој одби да ја коментира одлуката на Германија да им обезбеди на сопствениците на службени пасоши влез во земјата без виза.

Москва бара сопствениците на биометриски службени пасоши да добијат право за влез во ЕУ без визи. Заменик министерот за надворешни работи на Русија, Алексеј Мешков, рече дека руската страна сака одлуката за безвизен режим да се донесе следната година. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.