Русија повторно ќе ги активира титаниумските подморници

Подморниците од проектот 945 „Баракуда“ и 945А „Кондор“ ќе добијат нови реактори, електроника и вооружување.

Воено-морската флота на Русија реши да ги врати во оперативна функција подморниците од проектот 945 „Баракуда“, чиј корпус е изграден од титаниум. Титаниумските подморници беа произведувани во 80-те години, бидејќи се далеку поцврсти и не ги привлекуваат магнетските мини. Но, поради високата цена на титаниумот, кој е неколку пати поскап од челикот, после распадот на СССР изградбата на нови титаниумски подморници беше замрзната.

Решението повторно да се активираат подморниците е донесено во јануари, за време на состанокот на командниот состав на Воено-морската флота на Русија на чело со Виктор Чирков.

„Ова не беше спонтано решение, ние него детално го разгледавме и дојдовме до заклучок дека економски е исплатливо да се активираат овие подморници, отколку да се уништат“, изјави Чурков за „Известија“.

Во моментов во составот на флотата има четири титаниумски атомски подморници: две од проектот 945 „Баракуда“ и две од модернизираниот проект 945А „Кондор“.

Главните цели на „Баракудите“ и „Кондорите“ се носачи на авиони и подморници. За нивно уништување се користат торпеда кои се стрелаат од две 650-милиметарски цевки и четири 533-милиметарски цевки. За разлика од „Баракудите“, „Кондорите“ можат да стрелаат со нуклеарни крилести ракети „Гранат“ и да одат 50 подлабоко - до длабочина од 600 метра. Од воздушните напади, овие подморници можат да се заштитуваат со ракетите „Игла“.

Пред да влезат во активна служба, сите титаниумски подморници ќе добијат целосно модернизирани системи. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.