Офицер во Русија добива средна плата од 92.000 денари

Рускиот офицер моментално заработува средна плата од 92.000 денари, од кои половина се стимулирачки бонуси, изјави во средата началникот на Генералштабот, Валериј Герасимов.

Рускиот офицер моментално заработува средна плата од 92.000 денари, од кои половина се стимулирачки бонуси, изјави во средата началникот на Генералштабот, Валериј Герасимов.

Според неговите зборови, решавањето на социјалните проблеми на војниците е еден од приоритетите на Министерството за одбрана на Русија.

„За прв пат во последниве 30 години, платата на офицерите се искачи на пристојно ниво, што дозволува да се подигне престижот на воената служба. Денес офицер во армијата заработува средна плата од 92.000 денари“, изјави Герасимов, напомнувајќи дека е променета структурата на паричните примања - до 50% од нив се бонуси кои се предвидени да ги стимулираат воените лица за поголеми резултати во службата.

Герасимов додаде дека во последниве три години Министерството за одбрана изгради за воените лица 103.000 станови. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња