Новиот воено-транспортен авион Ил-476 ќе ги помине испитувањата во средината на март

Новиот воено-транспортен авион Ил-76МД-90А, исто така познат како Ил-476, ќе ги помине испитувањата во средината на март.

Новиот воено-транспортен авион Ил-76МД-90А, исто така познат како Ил-476, ќе ги помине испитувањата во средината на март. Ова го соопшти генералниот директор на Ациокомплексот „Илјушин“, Виктор Ливанов.

„Во февруари го донесовме авионот во Жуковски, каде сега започнуваат подготовките за летните испитувања и тестирања. Се надевам дека сѐ ќе заврши најнормално, и на 12-14 март ќе започнеме со пролетните испитувања“, изјави директорот за радиостаницата „Ехото на Москва“.

Министерството за одбрана и Обединетата авиокорпорација потпишаа договор за 39 авиони Ил-76МД-90А во вредност од 140 милијарди рубљи (околу 220 милијарди денари).

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња