МНР на РФ: Киднапирањето на миротворците на ООН во Сирија е врв на цинизмот

Киднапирани миротворци во Сирија.

Киднапирањето на миротворците на ООН во Сирија е врв на цинизмот, изјави заменик шефот на МНР на Русија, Генадиј Гатилов. „Ваквите тврдења никој и никаде не ги поддржува. Бунтовниците очигледно веќе не избираат никакви методи“, напишал тој на својот Твитер блог.

Завчера во област во Голанската висорамнина се киднапирани 20 миротворци на ООН. Потоа на Интернет се појави видео-обраќање во кое претставник од паравоениот одред изјавува дека соработниците на ООН ќе бидат пуштени на слобода кога војската на претседателот на Сирија ќе се повлече од селото Џамлија. Советот за Безбедност на ООН побара итно ослободување на миротворците без поставување на никакви услови. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња