Градоначалникот на Лондон прозбори на руски

Рускиот јазик прозвучи во Лондон.

Масленица шета, пролетта дочекува, зимата испраќа - рече на руски лондонскиот градоначалник Борис Џонсон, повикувајќи ги жителите и гостите во Лондон да уживаат во традиционалното руско јадење - блини (палачинки) на прославите во чест на Масленица. Централниот фестивал ќе се одржи на 16 март на плоштадот Трафалгар.

Освен тоа, градоначалникот рече дека сите граѓани на Лондон нестрпливо ја очекуваат Олимпијадата во Сочи и дека нема да ги пропушти натпреварувањата.

Масленица е празничен обред, кој го зачувале Словените уште од пагански времиња. Обредот е поврзан со испраќањето на зимата и пречекот на пролетта. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња