Екатеринбург на престижната светска листа на иновациски градови

Екатеринбург се најде на престижната светска листа на иновациски градови.

Екатеринбург се најде на престижната светска листа на иновациски градови, објавена од агенцијата 2thinknow, соопштено е на официјалниот интернет-портал на градот Екатеринбург.

Во светот овој рејтинг е доста респектабилен и опфаќа 63% од големите градови кои имаат население над 1 милион. Рангирањето се спроведува по 162 параметра во три групи - инфраструктура за појава на идеи (вклучени се мноштво показатели - од бројот на музеи до посебната клима) и појава на иновации (универзитети, проекти, вложувања, државна поддршка), како и поврзаност на различните пазари. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња