Премиерот на Русија, Дмитриј Медведев, потпиша наредба за создавање на организациски комитет за подготовка на активности поврзани со 100-годишнината од почетокот на Првата светска војна, соопштено е на прес-конференцијата на владата.
Во составот на комитетот се вклучени претставници од Министерството за култура, Министерството за надворешни работи, Министерството за комуникации, Министерството за одбрана, Министерството за образование и наука, Министерството за финансии, Министерството за економски развој, Руската државна архива, Россотрудничество, Росвоенцентар и други органи и институции.
Организацискиот комитет ќе има задача да ја обезбеди координацијата на дејноста на федералните органи на извршната власт за подготовка на активностите поврзани со 100-годишнината од почетокот на Првата светска војна.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче