Велика Британија за прв пат во историјата екстрадираше во Русија обвинет за криминал

Велика Британија денеска за прв пат во историјата изврши екстрадиција на осомничен за криминал во Русија.

Велика Британија денеска за прв пат во историјата изврши екстрадиција на осомничен за криминал во Русија.

Како што соопшти претставникот на Обвинителството во Русија, Марина Гриндева, „по барање на Обвинителството на Руската Федерација, органите во Велика Британија го екстрадираа во Руската Федерација граѓанинот на РФ, Максим Винцкевич“. Тој е обвинет за намерно нанесување на тешки телесни повреди, кои се причина за смрт на жртвата.

Ова е петто одобрено решение на Велика Британија за руските барања за екстрадиција, откако во 2006-та година го потпишаа двете земји Меморандумот за разбирање за прашањата околу соработката меѓу Обвинителството на Русија и Краското обвинителство на Велика Британија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.