Талисман на новиот екипаж на МВС ќе стане бело мече

Талисман на новата експедиција на Меѓународната вселенска станица, која ќе допатува на МВС на 29 март со „Сојуз ТМА-08М“, лансиран од Бајконур – ќе биде бело мече.

Талисман на новата експедиција на Меѓународната вселенска станица, која ќе допатува на МВС на 29 март со „Сојуз ТМА-08М“, лансиран од Бајконур – ќе биде бело мече.

„Наш талисман ќе биде бело мече, кое веќе леташе во орбитата за време на мојата претходна експедиција. Белото мече е добар симбол, и сметам дека вие него ќе го видите него како показател на бестежинската состојба“, рече  командантот на МВС-366, Павел Виноградов.

Заедно со Виноградов на МВС ќе замине Александар Мисуркин, кој сè уште нема искуство со вселенски летови, како и астронаутот од НАСА, Кристофер Кесиди. Планирано е мисијата да трае 168 деноноќија. За прв пат за време на летот кон МВС ќе се примени „кратка шема“ меѓу лансирањето на вселенскиот брод и неговото спојување со МВС ќе поминат само 6 часа. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња