„Сухој“ и „МиГ“ ќе создадат ударно беспилотно летало

Специјалистите во компаниите „Сухој“ и „МиГ“ ќе создадат ударно беспилотно летало, соопшти претседателот на Обединетата авиокорпорација, Михаил Погосјан.

Специјалистите во компаниите „Сухој“ и „МиГ“ ќе создадат ударно беспилотно летало, соопшти претседателот на Обединетата авиокорпорација, Михаил Погосјан.

„Во моментов се води научно-истражувачка работа. Сѐ уште не сме дојдени до конструкторската разработка. Засега заедно работат типови од компаниите „Сухој“ и „МиГ“, кои се занимаваат со разработка на карактеристиките и обликот на идното беспилотно летало“, изјави Погосјан за време на прес-конференцијата во Москва.

Погосјан, исто така, спомна дека ловецот од петтата генерација Т-50, веќе има извршено преку 200 пробни летови, и дека во моментов завршуваат проверките на авионската електроника. 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња