Руските произведувачи на оружје подготвуваат сензација за светскиот пазар на оружје

Руските произведувачи на оружје подготвуваат сензација за меѓународната изложба на спортски лов и опрема IWA & Outdoor Classic.

Руските произведувачи на оружје подготвуваат сензација за меѓународната изложба на спортски лов и опрема IWA & Outdoor Classic, која ќе се одржи во Нирнберг. Станува збор за карабинот „Сајга МК-107“.

Според зборовите на произведувачите на овој карабин од „Ижмаш“, станува збор за првата пушка во светот во која има балансиран систем на автоматизација, слична на АК-107 и АК-108. Суштината на овој карабин се состои во користење на дополнителна противтежа во конструкцијата, која ги ублажува ударите, намалувајќи го влијанието врз самото оружје и човекот, што овозможува да се зголеми прецизноста на стрелање за 1,5 до 2 пати.

Освен тоа, на изложбата „Ижмаш“ за првпат ќе претстави карабини од мал калибар за рекреативно стрелање – „СМ-2-КО“ и „Би-7-2-КО“. Што се однесува до професионалното спортско оружје, фабриката ќе ја претстави пушката „Биатлон-7-4“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња