Рускиот вселенски радиотелескоп „Радиоастрон“ откри „воден“ облак на околу 5 илјади светлосни години од Земјата. Ова откритие ќе им дозволи на научниците подобро да го сфатат процесот на формирање на масовните ѕвезди, се кажува во соопштението на интернет-страницата на Роскосмос.
Со помош на проектот „Радиоастрон“ научниците успеаја да постават нов рекорд во набљудувањето на вселенски појави со огромната резолуција која ја поседува телескопот. „Радиоастрон“ е лансиран во 2011 година и работи заедно со глобалната мрежа радиотелескопи на Земјата. Заедно тие создаваат единствен земно-космички интерферометар кој е еквивалентен на дијаметарот на антена од илјадници километри.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче