Научниците открија во езерото Восток непознат вид бактерии

Истражувањето на примероците вода, добиени во мај 2012 година од антарктичкото езеро Восток, покажа дека во него има бактерии кои се целосно непознати и не може да се припише на некоја позната поткласа бактерии.

Истражувањето на примероците вода, добиени во мај 2012 година од антарктичкото езеро Восток, покажа дека во него има бактерии кои се целосно непознати и не може да се припише на некоја позната поткласа бактерии. Ова го изјави Сергеј Булат, соработник во лабораторијата при Петербуршкиот институт за нуклеарна физика која се занимава со генетиката на еукариотите.

„После исклучувањето на сите познати организми, беше откриена ДНК на бактерија која не се совпаѓа ниту со еден познат вид во светската база да податоци. Ние не можевме да ја идентификуваме или класифицираме оваа животна форма“, изјави Булат.

Тој објасни дека научниците ги испитувале примероците вода кои замрзнале на дупчалката после навлегувањето на истата во водата во езерото. Нивото на сличност на „непознатите“ примероци на ДНК изнесува помалку од 86%. Тоа е всушност „нула“ кога се работи со ДНК: 90% веќе покажуваат дека се работи за непознат организам.

Во мај пд Антарктикот ќе пристигнат уште примероци со чиста замрзната вода. „Ако од таа чиста вода ние повторно ги изделиме истите организми, тогаш може слободно да се каже дека имаме работа со нов вид организми“, изјави Булат. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња