Русија ќе создаде во Шпицберген научен центар на архипелагот кој е интересен за научниците, бидејќи таму се најизразени глобалните промени на климата.
Вице-премиерот Аркадиј Дворкович им порача Министерството за наука и образование, Министерството за животна средина, Министерството за економски развој, Министерството за финансии и Руската академија на науки - да разработат концепција за создавање и развој на Руски научен центар на норвешкиот архипелаг Шпицберген, соопштено е на интернет-страницата на владата.
На овој норвешки архипелаг секоја година доаѓаат претставници од 10-11 руски институти, каде се проучуваат и најмалите промени на климата во светот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче