Yota ќе користи во своите паметни телефони Qualcomm процесори

Yota Devices и Qualcomm Technologies објавија дека ќе потпишат партнерски договор, во чии рамки двете страни ќе се занимаваат со разработка на современи мобилни уреди со поддршка на најновата технологија за мобилна мрежа од четвртата генерација - LTE.

Yota Devices во моментов создава мобилни уреди со процесори Qualcomm Snapdragon. Еден од нив е YotaPhone - првиот паметен телефон кој ќе функционира со оперативниот систем Андроид и ќе има два екрана, од кој едниот е направен со користење на технологијата „електронско мастило“. Овој телефон има два процесора Qualcomm Snapdragon.

Руската приватна компанија Yota Devices се занимава со производство на опрема и програми, вклучувајќи и LTE рутери и модеми. Инженерите од оваа компанија работат во Русија, САД и Финска. Централната канцеларија на компанијата се наоѓа во Москва. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња