Во септември минатата година „Роснефт“ потпиша договор со венецуелската компанија Corporacion Venezolana del Petroleo (CVP), „ќерка“ на Petroleos de Venezuela, според кој се предвидува создавање на заедничко претпријатие. Според зборовите на шефот на „Роснефт“, тоа претпријатие ќе инвестира 16 милијарди долари во ново наоѓалиште за нафта. Освен тоа, руските нафтени компании се подготвени да вложат дополнителни 20 милијарди долари.
Во историјата на светските нафтени договори има малку примери кога странците само за пристап до некое наоѓалиште плаќаат 1,1 милијарди долари, со перспектива да се добие дозвола за експлоатација во период од 5 до 10 години. „Роснефт“ го направи имено тоа. Како замена за тоа, „Роснефт“ ќе добие 40% од наоѓалштето на нафта Карабобо-2 во нафтениот појас на реката Ориноко. За да успее до 2018 година да ги исполни обврските според договорот, „Роснефт“ ќе треба да изгради фабрика во вредност од 7 милијарди долари, кој ќе ја преработува нафтата. Овие трошоци не влегуваат во планираните инвестиции од 16 милијарди долари.
Руските нафтени компании работат во Венецуела од 2009 година. Пет компании („Гаспром нафта“, „Роснефт“, ЛУКОИЛ, ТНК-ВР, „Сургутнефтас“), обединети во еден Национален нафтен конзорциум, планираат да вложат 20 милијарди долари во проектот „Хунин-6“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче