Руската полиција го повика на испрашување Вилијам Браудер, шеф на Hermitage Capital. Тоа е направено во рамките на нелегалното стекнување на акции од „Гаспром“. Ако финансиерот не се јави на испрашувањето, против него ќе бидат применети „сите законски дејства на располагање, сѐ до објавување на меѓународна потерница“, изјавија претставници од полицијата.
Како што се кажува во истражниот оддел на Министерството за внатрешни работи, за време на забраната за купување акции од „Гаспром“ од страна на странци (укината е во 2006 година), фондот Hermitage Capital незаконски купил акции во вредност од 131,5 милиони долари од монополот за гас. Продажбата била извршена преку компании кои се специјално создадени од господинот Браудер во Русија, чија дејност тој лично ја контролирал. Притоа, акциите се користеле не само за лично богатење, туку и за „политички притисок врз раководството“ на компанијата.
Во Hermitage Capital ги негираат сите обвинувања, сметајќи дека извршените зделки за купување на акции од „Гаспром“ се законски. Самиот Браудер одбива да дојде во Русија, откако кон него и неговиот ревизор е покрената кривична постапка за даночно затајување (во моментов се разгледува во судот).
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче