Руската флота ќе се врати во Виетнам

Русија и Виетнам уште годинава ќе потпишат договор за влез на руските воени бродови во пристаништата на Виетнам.

Русија и Виетнам уште годинава ќе потпишат договор за влез на руските воени бродови во пристаништата на Виетнам. Ова го соопшти министерот за одбрана на Руската Федерација, Сергеј Шојгу, за време на средбата со претседателот на Виетнам, Чионг Тан Шанг.

На средбата министерот за одбрана забележа дека наскоро ќе се разгледаат предлозите кои се поврзани со обука на кадрите од вишиот команден состав, кои ќе се ја поминуваат обуката во руските образовни институции.

За време на посетата во Виетнам, Шојгу, исто така, изјави дека Виетнам е еден од надворешнополитичките приоритети на Москва. Русија ќе му помогне на Виетнам да создаде подморничка флота, а републиката ќе продолжи да купува руско оружје. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња