По повод смртта на претседателот Уго Чавез, претседателот на Русија, Владимир Путин, изрази сочувство на потпретседателот на Венецуела, Николас Мадуро и на венецуелскиот народ. Путин го нарече Чавез „истакнат лидер и близок пријател на Русија“.
„Тоа беше несекојдневен човек, силен човек, кој гледаше во иднината и секогаш си поставуваше високи стандарди“, изјави Путин, кој повеќе пати се има сретнато со Чавез.
И лидерите на земјите во Латинска Америка изразија сочувство по повод смртта на венецуелскиот претседател. Во Еквадор и Куба прогласена е тридневна жалост.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче