Делегација од Русија на чело со Игор Сечин ќе присуствува на погребот на Уго Чавез

Русија праќа делегација за погребот на Уго Чавез.

Во Каракас на погребот на претседателот на Уго Чавез од Русија ќе присуствува претседателот на „Роснефт“, Игор Сечин, шефот на „Ростехнологии“, Сергеј Чемезов и министерот за индустрија, Денис Мантуров. Ова го соопшти портпаролот на претседателот на Русија, Дмитриј Песков.

„Игор Сечин беше најактивен во процесите на билатералната соработка, која се развиваше на повеќе нивоа и чиј „архитект“ беше самиот Уго Чавез“, изјави Песков. Москва смета дека позитивната и конструктивна соработка меѓу Русија и Венецуела ќе продолжи со ненамалено темпо од идното раководство на Венецуела, забележа портпаролот на претседателот.

Погребот на Уго Чавез ќе се одржи на 8 март. Поради смртта на лидерот на Венецуела, во земјата е објавен седумдневна жалост. Предвремените претседателски избори ќе се одржат за еден месец. Засега обврските на шеф на државата ќе ги исполнува вице-премиерот на Венецуела, Николас Мадуро. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња