Рускиот алуминиумски гигант Русал пријави загуба од 55 милиони долари во 2012

2012 година - тешка година за рускиот алуминиум.

Рускиот алуминиумски гигант во понеделникот пријави 55 милиони долари загуба во 2012 година.

Најголемиот произведувач на алуминиум во светот падна во црвената финансиска зона кон крајот на 2012 година. За разлика од 2012 година, во 2011 компанијата остварила приход од 237 милиони долари.

„2012 година се покажа како посебно тешка за алуминиумската индустрија“, изјави главниот директор на компанијата, Олег Дерипаска.

Иако потрошувачката на алуминиум во светот порасна за 6% во 2012, цените паднаа за 15,7%. 

Од компанијата очекуваат цените на алуминиумот да се стабилизираат оваа година, поради сѐ поголемата побарувачка од Кина и Индија, каде се очекува зголемување на побарувачката за 6%, или до 50 милиони тони.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња