Русија во 2023 година ќе испрати две сонди кон Ганимед

Руските научници сакаат во 2023 година да испратат кон Ганимед, еден од сателитите на Јупитер, две истражувачки сонди.

Руските научници сакаат во 2023 година да испратат кон Ганимед, еден од сателитите на Јупитер, две истражувачки сонди - една која ќе слета, и една која ќе кружи околу Ганимед. Тие ќе пристигнат на Јупитер после 6 години, а за уште 1-2 години за да почнат да орбитираат околу Ганимед. Апаратот кој ќе се спушти на површината на Ганимед ќе тежи околу 800 килограми, а орбиталниот апарат ќе влезе во орбитата на сателитот и ќе емитува информација од првиот апарат кон Земјата.

Ганимед е најголемиот сателит на Јупитер и одамна го привлекува вниманието на научниците, бидејќи под неговата ледена површина се претпоставува дека постои течен океан, каде е можно постоење на живот. Во 2022 година кон Ганимед ќе биде лансирана и европската сонда JUICE. Руските и европските научници веќе разговараат за можна соработка во овие проекти. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.