Штетата врз земјоделството во Русија поради намалувањето на родот, предизвикано од климатските промени, до 2020 година може да надмине 2,5 милијарди евра., сметаат експертите од Центарот за економија на животната средина и природни ресурси при Вишата школа за економија. Притоа, во случај да се оствари најнеповолното сценарио за промена на климата, до 2050 година штетата ќе изнесува 3 милијарди евра според цените во декември 2012 година.
Експертите прогнозираат дека ризиците за произведувачите и потрошувачите на земјоделска продукција се високи и ќе растат и во иднина поради влошувањето на климатските услови. Денес, според нивните оценки, оваа индустрија не е подготвена целосно да се соочи со климатските промени и да се адаптира кон нив, а вкупната штета од повеќе од 8,5 милијарди евра во 2010 и 2012 година сведочи дека се потребни сеопфатни програми за намалување на ризиците и штетите.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче