Враќањето на ѕвездите кои ги носеле генералите во СССР на еполетите е извршено веднаш после потпишувањето на указот од Владимир Путин.
„Дијаметарот на извезениот државен грб на Руската Федерација, маршалската ѕвезда на Руската Федерација, генералската ѕвезда и адмиралската ѕвезда - изнесува 40 мм“, се кажува во документот.
Како што појасни извор во Министерството за одбрана, генералите во армијата наместо сегашните четири ѕвезди со дијаметар од два сантиметра, сега ќе имаат по една ѕвезда од четири сантиметра - како и маршалите.
Маршалска ѕвезда ќе добие и министерот за одбрана, Сергеј Шојгу. Така, на следната Парада на Победата која ќе се одржи на 9 мај, тој ќе се појави со маршалска ѕвезда на еполетите.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче