Министерството за одбрана на Руската Федерација ќе создаде за идните спортски шампиони четири армиски единици

Армија од спортисти.

Руското Министерство за одбрана ќе создаде четири единици каде ќе служат 400 спортисти. Се планира секоја година да се составуваат списоци на талентирани спортисти на кои им е дојдено времето да служат во армија, и истите ќе се праќаат прво на проверка во Министерството, а потоа - во касарните во земјата.

„Спортските чети“ ќе бидат пополнувани од регрути кои се кандидати или членови на спортските репрезентации на Русија во олимписките спортови. Во периодот на воената служба, за спортистите ќе бидат создадени неопходни услови за континуирана обука и учество на натпреварите на руско и меѓународно ниво. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња