Руското воено воздухопловство го одобри проектот за нов бомбардер

Нов бомбардер за руското воздухопловство.

Русија го одобри проектот за идниот воен авион со голем пречник на дејство, кој ќе ги замени сегашните стратешки носачи на ракети Ту-95МС и Ту-160. На конкурсот победи проектот на Конструкторското биро „Туполев“. Изборот падна на „невидлив“ авион со користење на „стелт“ технологија.

Новиот стратешки бомбардер - носач на ракети, ќе биде создаден според моделот „летачко крило“, а поради спецификите на својот дизајн, нема да биде во можност да го пробие звучниот ѕид. Затоа, пак, како што ветуваат дизајнерите, тој ќе биде невидлив за радарите. Сериското производство на авионот треба да започне во 2020 година. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња