Рускиот боксер Евгениј Градович стана светски првак во полулесна категорија

Рускиот боксер Евгениј Градович ја освои титулата светски првак во полулесна категорија според верзијата на Меѓународната боксерска федерација (IBF).

Рускиот боксер Евгениј Градович ја освои титулата светски првак во полулесна категорија според верзијата на Меѓународната боксерска федерација (IBF). Тој го победи Австралиецот Бил Диб на поени после 12 рунда. Ова е 16-та победа на Градович во неговата кариера.

Градович е четврт руски боксер кој станал светски прва во професионални верзии после Заурбек Басангуров (69,9 кг, според верзијата на боксерската организација - WBO), Денис Лебедев (90,72 кг, според верзијата на Светската боксерска асоцијација - WBA) и Александар Поветкин (супертешка категорија, „регуларен“ појас WBA). 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.