Русија прави атомски мразокршачи од новата генерација

Руското претпријатие Атомфлот го затвори приемот на пријави за изградба на два атомски мразокршачи.

Руското претпријатие Атомфлот го затвори приемот на пријави за изградба на два атомски мразокршачи. Резултатите од конкурсот ќе бидат наскоро објавени. Главниот претендент за победа на тендерите е компанијата „Балтички завод“, која веќе за Атомфлот прави атомски мразокршачи.

Во целиот свет само Русија располага со флота од атомски мразокршачи, како и со технологијата и опремата за производство на нови бродови од ваква класа. А потребата за нив постојано расте. Но флотата, сепак, старее, и за 8-10 години повеќето мразокршачи ќе го надминат својот животен век на експлоатација. Доколку тоа се случи, Арктикот може да се остане без мразокршачи за рутата по Северниот морски пат.

Можностите на новиот мразокршач кој ќе работи во областа на арктичките ширни се изненадувачки. Тој ќе биде помоќен од своите претходници за 20%. Новиот мразокршач ќе биде побезбеден, опремен со најнови и најсовремени елементи за заштита. Тој ќе го има последниот крик на технологијата од областа на навигацијата. Ќе може да поминува дури и низ мраз дебел 3 метра.

Вкупната вредност на проектот изнесува околу 3 милијарди долари. Изградбата на мразокршачите треба да заврши во 2019 или 2020 година. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња