Претседателот на Советот на Федерацијата, Валентина Матвиенко, се најде на врвот на списокот на 100-те највлијателни жени во Русија во 2012 година според руските медиуми. На второто и третото место се наоѓаат заемникот-претседател на владата на Русија, Олга Голодец и портпаролот на премиерот на Русија, Наталија Тимакова.
Рејтингот на највлијателните жени во Русија се составува втора година по ред. Во него влегуваат жените кои влијаат во процесот на носење решенија во политиката или бизнисот, заземаат високи должности, или со својата работа ја даваат насоката на движење на општеството и кои се пример кој треба да се подражава. Валентина Матвиенко и минатата година се најде на првото место во овој рејтинг.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче