Ломоносов влезе во рејтингот на најдобрите универзитети во светот

Московскиот државен универзитет „Ломоносов“ се врати во рејтингот на најдобрите универзитети во светот според весникот Times и според групата Thomas Reuters.

Московскиот државен универзитет „Ломоносов“ се врати во рејтингот на најдобрите универзитети во светот според весникот Times и според групата Thomas Reuters. Универзитетот е единствена руска високообразовна институција која се најде на списокот. Во оваа година „Ломоносов“ се најде на 50-то место, делејќи го истото место со Универзитетот на Сиднеј. Во минатата година во рејтингот на универзитетите според Times, не влезе ниту еден универзитет од Русија.

Times Higher Education World University Rankings - е единствен глобален составувач на рејтинг на универзитетите, според кој се оценуваат универзитетите според сите основни показатели: начини на предавање, научни истражувања, ефективност од дејноста и меѓународни перспективи. Во рејтингот се најдоа универзитети од 20 држави.

Во Русија скептично пристапуваат кон ваквите рејтинзи. Ректорот на „Ломоносов“, Владимир Садовничи, претходно изјави дека успешноста на универзитетот мора да се гледа и според побарувачката на неговите дипломци на пазарот на труд. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња