„Мис Русија-2013“ стана студентка од Междуреченск

Победничка на конкурсот на „Мис Русија 2013“ стана 18-годишната студентка од градот Междуреченск - Елмира Абдразакова.

Победничка на конкурсот на „Мис Русија 2013“ стана 18-годишната студентка од градот Междуреченск - Елмира Абдразакова. Победничката доби 100.000 долари, автомобил, а исто така, и можност да ја претставува Русија на конкурсите „Мис Вселена“ и „Мис на Светот“.

„Невозможно е да се опише, што чувствувам јас сега. Не ми се верува дека сега овде стојат и ова се случува со мене“, изјави победничката на конкурсот, која воедно е и студентка на Сибирскиот универзитет за транспорт и комуникација.

Според нејзините зборови, паричната награда таа сака да ја даде како помош на својот роден град. Таа исто така забележа дека најтешко во конкурсот за неа било да оди на штикли, бидејќи таа не е професионална манекенка.

Финалето на конкурсот се одржа во саботата во концертната сала „Барвих Luxury Village“. Конкурсот го водеа Гарик Мартиросјан и Сергеј Светлаков. 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња