Украина нема да ги плати обврските

Украина со долг од 7 милијарди долари кон Гаспром.

Украина не планира да ѝ ги плати на Русија седумте милијарди долари долг кон Гаспром за увоз на помала количина гас од договорената во 2012 година.

„Љубезно одговоривме дека тие седум милијарди долари побарувања на ги признаваме и нема да ги платиме“, рече премиерот Николај Азаров.

Според неговите зборови, средствата кои ги побарува Гаспром изнесуваат „четири годишни буџети“ на украинската програма за изградба и реконструкција на националната патна мрежа. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња