Руски тенкови по лиценца

Индија е заинтересирана за продолжување на производството на руските тенкови Т-90С по лиценца.

Индија е заинтересирана за продолжување на производството на руските тенкови Т-90С по лиценца, соопшти главниот извршител на руско-индискиот договор за тенкови, генерален директор на корпорацијата „Уралвагонзавод“, Олег Сиенко. Рускиот тенк Т-90 учествуваше во динамичната презентација на саемот во Абу Даби и доби многу пофалби од стручњаците.

Т-90С има модернизирана топовска кула која е снабдувана со новиот автоматизиран систем за управување со оган, попрецизна топовска цевка од 125 мм и митралез на далечинско управување. Новата динамичка заштита обезбедува многу поголемо ниво на спротивставување на сите противтенковски ракети, што претставува додатна заштита од супер-прецизното оружје, мини и нагазни мини. Освен тоа, системите за видео-набљудување и автоматизираниот систем за управување со огнот овозможуваат откривање, препознавање и погодување на цели додека се движат, без разлика дали е ден или ноќ.

Тенкот Т-90 денес е главната ударна сила на индиската војска. Индија е заинтересирана и за понатамошно продолжување на договорот со Русија за локализација на производството и понатамошна модернизација на заеднички произведените машини. Индија најверојатно во периодот од 2014 до 2019 ќе купи 600 нови комплети за модернизираните Т-90С и ќе почне нивно производство по лиценца. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња