Русија создава тенк од петтата генерација

Во моментов руските конструктори работат на тенк од петтата генерација.

Во моментов руските конструктори работат на тенк од петтата генерација. За него се предвидени целосно нови инженерски решенија, подвлекува главниот уредник на списанието „Народна одбрана“, Игор Коротченко.

„Тоа ќе биде тенк со блиндирана капсула која ќе овозможи заштита на животот на екипажот во услови на воени дејства. Борбената опрема ќе биде сместена во блиндирана капсула. Ќе има подвижна топовска кула и топовска цевка која функцијата на полнење ќе ја извршува автоматски, без учество на човекот. Операторот ќе има само задача да ја најде целта и да уточни каков вид на полнење е потребно. Тоа ќе биде целосно унифицирана, автоматизирана и блиндирана платформа, која ќе овозможи решавање на задачите во текот на воените дејства. Со тенкот ќе може да се управува и од далечина. Овој производ ќе биде првиот чекот кон создавање на целосно „безекипажно“ оружје - еден вид роботи, какви што има во научно-фанстастичните филмови“.

Возможно е овој тенк да биде направен со заедничките напори на производителите од Русија и Индија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња