Поранешниот амбасадор на Панама во организацијата на американските држави, Гилермо Кочес, изјави дека претседателот Хуго Чавез починал. Според неговите зборови, тоа се случило на 30 декември 2012 година во Куба, кога Чавез останал без мозочна активност, па во таква состојба е вратен во татковината.
„Известија“ ги прашаа експертите за прогнозата што ќе се случи со Венецуела без Чавез.
Специјалистот за Латинска Америка, Михаил Белјат, е уверен дека „изјавата на панамскиот амбасадор е „желба да се оствари тоа што се нема случено“. „Јас сметам дека смртта на чавез во декември - е глупост. Што се однесува до моментот кога Чавез ќе замине, било тоа поради здравје или поради смрт - тогаш ситуацијата во државата ќе остане, како и порано, стабилна, т.е. вице-претседателот Николас Мадуро ќе управува со државата до новите претседателски избори. Посоти, од друга страна, и опозицијата со младиот харизматичен лидер Енрике Каприлес“, утврдува експертот.
„Како може да се измени позицијата на Венецуела кон САД и светот во случај да почине Чавез - може да се претпостави на следниов начин. Ако остане на власт Мадуро, т.е., ако биде изберен за претседател, ништо суштествено нема да се измени. Николас Мадура е чавист, следбеник на Хуго Чавез. Но, ако на власт дојде опозицијата, е тогаш ќе има промени. Треба да се погледне внимателно на сегашните односи меѓу Венецуела и САД. Освен антиамериканската реторика, дури 80% од извозот на нафта од Венецуела оди во САД. Секако, мора да се каже дека и Венецуела во последно време се обидува да го диверзифицира извозот на својата нафта. Мене ми се чини, дека односите меѓу Венецуела и САД ќе останат исти како и порано. А доколку дојде Енрике Каприлес на власт, тешко е да се очекува дека воените договори ќе продолжат со овие темпа. Безусловно, тогаш ќе не чекаат промени. Доколку Мадуро остане на власт, Русија нема за што да се грижи“, смета експертот.
Политикологот, специјалист за политиката во САД и Латинска Америка, кажува: „Ако опозицијата докаже дека Чавез е неспособен да ја води државата, а порано или покасно, тоа ќе се случи, тогаш изборите кои ќе се одржат во Венецуела ќе бидат непредвидливи. И без тоа, на минатите избори Чавез победи со мала разлика. Николас Мадуро нема толкава харизма како Чавез да ја освои власта толку лесно. Јас не мислам дека ќе има големи немири или нагли промени, бидејќи тоа ќе се заврти и против самите жители на Венецуела, особено после политиката на вооружување на граѓаните по налог на Чавез поради создавање на „народна армија“. Ниту една држава нема да се осмели да направи „портокалова револуција“, бидејќи тоа ќе резултира со граѓанска војна и сеопшт хаос. Ако победат поддржувачите на Чавез, тога ќе се судрат со проблем - што да се прави понатаму? Самата политика на Чавез и така беше економски многу скапа. Дали ќе може да се продолжат таквите егзотични проекти - е голем знак прашалник. Доколку победи опозицијата, таа нема нагло да го смени курсот на државата, бидејќи има огромно политичко наследство оставено од Чавез. Противниците на Чавез ќе треба да водат многу внимателна политика, оттргнувајќи се полека од политиката на Чавез, посебно поради тоа што повеќето гувернери во Венецуела се чависти. Што се однесува до руските договори - тука повторно следуваат проблеми, бидејќи уште на претходните избори, опозицијата отворено бараше купување трактори место оружје. Опозицијата е категорично против вооружување на венецуелската армија, бидејќи, како што тврдат, Венецуела нема непријатели.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче